Врвот на владејачката СДСМ и нејзиниот лидер и премиер Димита Ковачевски се во паника, ја губат почвата под нозете и стануваат нервозни, па откако пред неколку дена ги нападнаа медиумите, даваа разни квалификации за новинари и телевизии, сега почнаа и со притисоци врз своите членови кои не се согласуваат со политиките на партискот водство, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
„Очајот во СДС го извади на виделина автократското лице на Ковачевски.Очигледно дека СДС и Ковачевски сфатија дека ја изгубиле поддршката на мнозинството граѓани, но сега гледаат дека немаат поддршка ниту од членството ниту од одредени пратеници на мнозинството. Се тоа е резултат на погубните политики кои ги водат, криминалот, корупцијата и подредената позиција во власта. Затоа заедно со ДУИ посегаат по недемократски методи да ги дисциплинираат оние нивни членови кои не мислат како нив. Посегаат по притисоци кои ги прават групи од подземјето и кои стануваат се поголеми и поголеми.
Но веќе сѐ помалку има што и се плашат на оваа власт на Ковачевски. Не може Ковачевски со својата автократија да ги држи сите во заложништво заради кариера и фотелја. Доаѓа времето на промена на власта и одговорност“, стои во соопштението на партијата.