
Украинскиот претседател Владимир (Володомир) Зеленски во петокот на средбата со западните сојузници во американската воздухопловна база Рамштајн во западна Германија ќе им порача на министрите за одбрана од НАТО дела очекува „солни одлуки од сојузниците“, што вклучува одобрување за испораки на германските тешки офанзивни тенкови „Leopard 2“ за украинската војска.
Коментирајќи ги медиумските информации за тоа дека Германија нема да ги испрати своите тешки борбени тенкови „Leopard 2“ додека САД не ги испорачаат своите тенкови од истата класа „Abrams“, украинскиот претседател Володомир Зеленски, во четвртокот го критикуваше одолговлекувањето на Берлин.
Во петокот во американската воздухопловна база Рамштајн во западна Германија, ќе се одржи состанок на министрите за одбрана на западните земји кои воено ја поддржуваат Украина, а според медиумите водечкиот збор ќе го имаат САД коишто ќе ги претставува државниот секретар за одбрана Лојд Остин.
На овој состанок акцентот ќе биде ставен на идните испораки на западното оружје во Украина во заднината на последните пробиви на руските единици на повеќе правци на украинскиот фронт и стравувањата дека Русија подготвува голема офанзива. Притисокот е врз Германија да ги испорача споменатите тенкови, кои се во составот и на повеќе европски армии, како и според купопродажните договори да го тргне ветото за каква и да е натамошна одлука за ова вооружување.
Владата на германскиот канцелар Олаф Шолц се колеба во врска со таквата одлука, со изговор дека тоа може да ја ескалира војната, но во прв ред поради големото противење на Германците на испораките на тенковите на Украина, што го покажуваат последните анкети.
Новиот германски министер за одбрана Борис Писториус изјави во четвртокот дека Берлин нема унилатерално да дејствија кога станува збор за испраќање на германските тешки борбени тенкови од типот „Leopard 2“ на Украина.
Мнозинството Германци не го поддржуваат предавањето на какви и да се борбени возила на Украина и сметаат дека нивната земја сторила доволно, покажува анкетата објавена во четвртокот. Од вкупно 2.025 испитаници, 43 отсто било против испораките а само 39 отсто биле „за“. Уште 16 отсто не се изјасниле според анкетата која за агенцијата DPA ја спровел институтот за испитување на јавното мнение YouGov.
Дури 49 отсто од Германците сметаат дека е погрешна одлуката на владата во Берлин да ѝ ги испорача на Украина пешадиските борбени возила „Marder“, покажува пред две седмици објавената во весникот Bild. Истовремено, одлуката ја поддржале 40 отсто од испитаниците. Според истото истражување, 38 отсто од Германците веруваат дека Германија треба да испорача тешки борбени тенкови на Украина, додека против се 50 отсто од испитаниците.
И покрај тоа, некои од европските сојузници кои се под големо влијание на Вашингтон, наведуваат дека загриженоста на Берлин била „неумесна“, бидејќи Русија целосно е вклучена во војната, тврдејќи дека испраќањето тенкови не би можело дополнително да ја ескалира војната, но не одговараат на забелешките дали тоа нема да биде сфатено во Москва како конечно директно вклучување на западните земји во војната што претпоставува ризик од одмазнички потези.
„Ние всушност сега чекаме одлика на една европска престолнина која ќе ги активира подготвените синџири за снабдување и соработка по прашањето на тенковите“, изјави Зеленски во ноќното видео-обраќање.
Литванскиот министер за одбрана Арвидаст Анушаускас за Reuters изјави дека неколку земји на средбата во петокот ќе најават испраќање тенкови „Leopard 2“, и без консултации со Германија.
„Некои земји дефинитивно ќе ги испратат тенковите Leopard во Украина, тоа е сигурно“, рече Анаушкас во најавата за состанокот во Рамштајн, по подготвителниот состанок на министрите од 11 земји во Естонија.
Германските тенкови „Leopard 2“ се од класата на американските борбени тенкови „Abrams“ што ги бара Киев, коишто Вашингтон сѐ уште не е подготвен да ги испорача објаснувајќи дека со тоа нивното одржување би било тешко за Украина и барало голема логистичка поддршка, како и британските „Challenger 2“, за кои Лондон најави дека ќе испрати само 12 од 50 колку што бараше Киев. Воените аналитичари посочуваат дека овие возила трошат многу гориво, нивното снабдување ќе биде лесна цел на руските воздушни сили, а некои предупредуваат дека се претешки на мократа почва каква што се очекува во претстојниот период.