Најмалку 14 загинати во украинско ракетирање на болница во Луганск

Најмалку 14 пациенти и медицински персонал се убиени и уште други 24 се ранети во намерно ракетирање од страна на украинската војска врз регионалната болница во Новоајдар во централниот дел на југоистоичниот украински доминантно руски и рускојазичен регион Лиганск отцепен по прозападниот преврат во Киев во 2014 година, соопшти во саботата руското Министерство за одбрана и локалните проруски власти.

„На 28-ми јануари … во населбата од градски тип Новоајдар, во Луганската Народна Република околу 7,30 часот, украинските вооружени сили целено изведоа удар врз зградата на регионалната болница…“, се наведува во соопштението.

Покрај тоа, руската војска истакнува дека нападот наводно бил изведен со восокоексплозивна боева глава истрелана од американскиот систем со долг дострел HIMARS за повеќекратно лансирање ракети.

Во споменатата медицинска установа изминатиот период цивилни и воени лекари ја пружале потребната медицинска помош на локалното населени и на воениот персонал, соопштија проруските власти на Луганск.

Украинската страна досега не се огласи во врска со овој напад.

Министерството за одбрана во Москва го нарече овој напад врз позната и означена функционална цивилна медицинска установа „тешко воено злосторство на режимот во Киев“. Уверуваат, притоа, дека „сите инволвирани во планирањето и извршувањето на ова кривично дело ќе бидат пронајдени и повикани на одговорност“.