Разгневена жена е снимена минатата седмица кога во бордел напаѓа сексуална работничка која непосредно претходно му пружала услуги на нејзиниот сопруг, пренесува The Daily Mail.
Жената наводно успеала да дојде до фотографии од нив двајца во мобилниот телефон на сопругот, кој потоа го следела до еден салон за масажа во тајландскиот град Пукет.
Нејзиниот сопруг тогаш веќе го напуштил борделот, но жената ја нашла проститутката како седи на столица прекриена само со пешкир. Го тргнала а потоа ѝ задала серија и удари во нападот кој траел повеќе од пет минути, пренесуваат локалните медиуми.
На снимката се слуша како проститутката повеќепати се извинува и бара извинување.
„Не знаев дека има жена. Ќе престанам да го гледам“, ја цитираат весниците младата жена додека разјарената сопруга ѝ ги кубе косите и се обидува да ѝ го одземе мобилниот телефон.
Неколку други жени инцидентот го следат од близина без да се вмешаат, а на снимката се гледа просторија со многу сексуални помагала и играчки и огледала.
Корисниците на услугите во овој „салон за масажа“ еден час минат со жена наводни го плаќале околу 2.000 бахти, односно 50 евра, а по појавувањето на снимката полицијата го истражува инцидентот на овој популарен туристички остров.
„Полицијата проверува каде се случил инцидентот. Никој не го препознава тоа место за масажа. Никој од инволвираните не се жалел, но ја поттикнувам жртвата да го пријави инцидентот во полиција“, изјавил за медиумите Саравут Чупрасит од полициската станица во Муеанг Пукет.
https://www.youtube.com/watch?v=1e-ldRLkpMw