![vlazni kolovozi](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/09/vlazni-kolovozi.jpg?resize=632%2C348&ssl=1)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Слаби врнежи од снег има кај Страцин и на планинскиот премин Ѓавато, но нема пречки во сообраќајот, информира АМСМ во вечерашниот извештај за состојба на патиштата.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.