![radev](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/05/radev.jpg?resize=696%2C425&ssl=1)
Бугарскиот претседател Румен Радев ќе ги претстави задачите и приоритетите на преодната влада, соопшти прес-службата на шефот на државата.
Радев вчера донесе указ за назначување преодна влада од 3 февруари со премиерот Галаб Донев. Единствена промена во составот е министерот за култура – Најден Тодоров ја презема функцијата од професор Велислав Минеков.
Престануваат овластувањата на преодната влада, назначени со декрет од 1 август 2022 година.
Со друг указ Радев го распушти 48-то бугарско Народно собрание. Тој ги закажа парламентарните избори за 2 април 2023 година.