На 02.02.2023 околу 18.00 часот на улица „Браќа Ѓиновски“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар, со судска наредба, го привеле 49-годишниот Ш.А.Г. од гостиварска Долна Бањица.
Тој бил баран по потерница за издржување затворска казна од една година и шест месеци. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово во Скопје за издржување на казната.