Руските законодавци сметаат дека САД можеле да го направата коронавирусот SARS-CoV-2 позаразен за потоа да понудат мерки за „спас на човештвото“, изјави во понеделникот Константи Косачев, шеф на рускиот Совет на Федерацијата, и копретседател на парламентарната комисија за истрага на американските биолаборатории во Украина.
Во разговор со новинарите, Косачев истакнал дека во работата на тајни биолаборатории во соседна Украина од кои руската војска заплени стотици илјади документи во текот на инвазијата, „имаат три компоненти, од кои едната е ‘чиста’, односно проучувањето на соодветни инфекции со цел да се развијат противмерки“, пренесува агенцијата РИА.
„Втората и третата технологија се очигледно криминални, јасно ги прекршуваат нормите на конвенцијата за биоружје и на човечката етика“, додава сенаторот Косачев.
Според него, руските истражители се „длабоко убедени“ дека споменатата втора технологија е „комерцијална и се состои во подобрувањето на патогените својства на одредени биоагенси, правејќи ги позаразни за потоа на човештвото да му се понудат соодветни мерки за спас во случај на пандемија“.
„Постои основана причина да се верува дека тоа се случило, меѓу другото, и со пандемијата на Covid-19, бидејќи Американците ги спроведувале своите воени вежби за справување со оваа пандемија првпат два месеца откако таа го зафати човештвото“, вели Косачев.
Во понеделникот во Државната дума (парламентот) се одржува состанок на споменатата комисија на којашто патениците ќе ги брифираат во врска со сознанијата од истрагата за откриените западни биолаборатории во Украина заменик министерот за надворешни работи Сергеј Рјабков и началникот на руските сили за радијациска, хемиска и биолошка одбрана, генералот Игор Кирилов кој минатата седмица имаше долг брифинг за новинарите кој беше пренесува на интернет.
Според одредбите од законот кој беше донесен во врска со темата на биолабораториите во непосредното соседство на Русија, Комисијата мора да ја заврши истрагата до 23-ти март, а потоа да го поднесе извештајот до шефот на државата и владата, како и да го објави на интернет.