Мицевски: Пратеници од власта имаат забелешки за нефункционалност на системот на кој му даваат поддршка веќе 68 месеци

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Никола Мицевски во денешното гостување во емисијата „10 минути“ на телевизија Тв21 истакна дека актуелното владини мнозинство, всушност нема мнозинство во Собрание, а има и големо незадоволство во сопствените редови кое и јавно се искажува, поради тоа и вклучување во Влада на уште една опозицка партија.

Мицевски посочи дека членови на власта и на парламентарното мнозинство имаат проблеми и тоа се гледа од тоа што се почесто и се погласно ги истакнуваат своите забелешки за нефункционирање на системот, како што беше случај вчера, кога претседателката на ЛДП, Моника Зајкова како причината за иселувањето на младите го посочи нефункционирањето на системот.

„Ова најавено влегување на Алијанса треба и да се случи, затоа што гледаме дека има забелешки од други коалициони партнери. Некако срамежливо најавуваат некои одредени работи, како на пример во текот на вчерашниот ден имавме една изјава на претседателката на Либерално Демократска Партија, која што упати забелешки за големото иселување на младите наоѓа во системот. Инаку тој е тој истиот систем кој што Либерална демократска партија 68 месеци го поддржува“, рече Мицески.

Мицевски го посочи и владиниот коалиционен партенер, претседателот на ДС, Павле Трајанов кој што исто така јавно упатува критики и забелешки за нефункционирање на системот, особено во делот на безбедносниот сектор, но од друга страна исто како и ЛДП, 68 месеци даваат поддршка за тој нефункционален систем.

„Имаме одредени напади врз актуелните владини. Реков за колешката Зајкова која што е претседател на ЛДП, која што наоѓа забелешки на системот за бегањето на младите. Ќе кажам и забелешки од претседателот на Демократски Сојуз, Палве Трајанов кој што наоѓа забелешки на системот и функционирањето на системот во делот на безбедносната свера. Имаме и многу други пратеници кои што имаат забелешки. Е сега, дали тие забелешки ќе ги манифестираат со гласање на одредена доверба на Влада, дополнување, измена на влада, промена на Влада со одредени министри или нешто друго, тоа ќе го видиме. Меѓутоа, дека системот не функционира е факт. Дека овие пратеници за кои што зборувам и тивко зборуваат за забелешките, а некои веќе почнаа и јавно да зборуваат, укажува дека 68 месеци тие добиваат поддршка од нив“, истакна Мицевски.

Во однос на активната блокада, Мицески посочи дека не мораат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата многу да се мачат, затоа што имаат голема поддршка од пратениците на власта и тоа може да се види кога после зимскиот распуст не може да се изгласа дневен ред за да може да се одржи нова пленарна седница.

„Во активната блокада на Собранието, во овој момент имаме поддршка и од актуелната власт. Јас и минатата недела, при едно интервју, истакнав дека немаме потреба многу да се мачиме со активната блокада, затоа што гледаме дека Собранието во овие моменти е нефункционално. А, нефункционално е поради непринципиелните политички преструктуирања. Имено, имаше обид после зимскиот одмор за нова пленарна седница, меѓутоа владејачкото мнозинство не успеа да собере 61 пратеник за изгласување на дневниот ред и почеток на седница“, посочи Мицевски.