Реакција на НГИ Коалиција на Египќани: Македонските Египќани се дискриминирани на сметка на македонските Бугари

-Според највисокиот правен акт, Уставот на Македонија, сите се еднакви и рамноправни пред законите. Според, последните постапки и дејанија, има цврсти аргументи дека се „фаворизираат“ македонските Бугари на сметка на помалите етнички заедници, како што се Египќаните, Торбешите, Хрватите, Црногорците …На тој начин македонските Бугари се поставуваат на т.н.поповластена состојба,, што е основ за Дискриминација, што секако ниту е ,,Европска вредност,, а исто така ке биде сериозна пречка во скрининг процесот, се вели во реакцијата на НГИ Коалиција Египќани.
-Уште еднаш апелираме дека државата Македонија е држава на сите нејзини грагани, а сегашниот моментум, не е соодветен за било какви интервенции во Уставот, чии последици можеме да ги очекуваме подоцна. Тоа не е во интерес на стратешките интереси на Унитарна Македонија, истакна лидерот на НГИ ,,КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПЌАНИТЕ, Демир Далип, кој додаде дека ваквиот став е доставен и до највлијателните Амбасади во државата и мисијата на ОБСЕ, како и тоа дека Египканите се убедливо најмаргинализирана, најдискриминирана и институционално најнеинтегрирана етничка заедница во Македонија, што секако не е ни приближно ,,ЕВРОПСКА ВРЕДНОСТ“.