Вечерва се врши претрес во домот на сопственикот на порталот Доказ, новинарот Марјан Стаменковски, во Скопје.
Претресот трае веќе неколку часа и го изведува Основното јавно обвинителство Скопје со судско одобрение. Од домот на Стаменковски се одземаат мобилни телефони, компјутери и парични средства, а се преснимуваат и пораки.
Наредбата за претрес во домот на Стаменковски е издадена од судија на претходна постапка.
– Се постапува по повеќе кривични пријави. Детали за нив и за постапката ќе бидат соопштени утре. Вечерва не можеме да се соопштиме детали бидејќи претресот е во тек – изјавија од ОЈО.
Се очекува да има повеќе кривични пријави против Стаменковски.
Како што дознаваме, Стаменковски ќе ја помине ноќва во полициската станица во Карпош, а за утре планот е да биде изведен пред судија во претходна постапка.
Непотврдени информации говорат дека станува збор за пријава во врска со написи на Стаменковски за лице од Шестата управа на МВР.
Вечерва во домот на новинарот е повикано и возило на Брза помош откако Стаменковски се пожалил дека не му е добро.