Северна Кореја во понеделникот повторно истрела балистички ракети во морето крај Јапонија, што ги ескалира тензиите во Пацификот поттикнати од наизменичните севернокорејски тестови на оружје и воените вежби на Јужна Кореја и нејзините сојузници.
Пјонгјанг често тестира оружје, особено интерконтинентални балистички ракети, и покрај меѓународните санкции, а новата влада во Сеул одговара со сѐ поинтензивни заеднички воени вежби со својот главен сојузник САД.
По најавата за нови вежби, Северна Кореја во петокот истрела интерконтинентална балистичка ракета во морето кај западниот брег на Јапонија. Јужна Кореја и САД одговорија во неделата со заедничка вежба на стратешките нукеларни воздухопловни сили, а САД организираа и заеднички воени вежби со Јапонија.
По воените вежби во неделата, влијателната сестра на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, Ким Јо Џонг, предупреди дека не треба да се зголемува присуството на американските стратешки воени капацитети на Корејскиот полуостров.
„Внимателно го проучуваме влијанието (на овие способности) врз безбедноста на нашата земја. Колку често ќе го користиме Пацификот како полигон за обука ќе зависи од природата на потезите на американските сили“, рече Ким Јо Јонг во изјавата.
Во понеделникот Пјонгјанг истрела две балистички ракети, објави јужнокорејската војска.
Севернокорејските медиуми тврдија дека два проеSet featured imageктила биле истрелани од повеќецевни ракетни лансери врз цели оддалечени 395, односно 337 километри.
„Ракетниот лансер со повеќе цевки од 600 мм, мобилизиран за пукање… служи како платформа за тактичко нуклеарно оружје и може да ‘парализира’ слетно-полетна писта на непријателот“, објави севернокорејската новинска агенција KCNA.
Јапонското Министерство за одбрана објави дека ракетите паднале во морето надвор од ексклузивната економска зона на Јапонија.
„Серијата потези на Северна Кореја, вклучително и повторените лансирања на балистички ракети, го загрозуваат мирот и безбедноста на Јапонија, регионот и меѓународната заедница.Јапонија упати силен протест и остро ја осуди Северна Кореја“, соопшти јапонското министерство.
Засега нема извештаи за штета на бродови или авиони.
Во новиот одбранбен документ, Јужна Кореја го нарече северниот сосед „непријател“ првпат по шест години, што сигнализираше обновено заострување на односите со Пјонгјанг. Двете земји технички сè уште се во војна, од 1950-те, бидејќи Корејската војна не заврши со мировен договор, туку со примирје.
„Северна Кореја нѐ дефинираше во декември 2022 година како ‘неоспорен непријател’. Следствено, севернокорејскиот режим и војската … се наши непријатели“, напиша Сеул во ткн Белата книга за одбраната официјално објавена минатата седмица.