ФОТО| Син блесок на небото пред новите земјотреси во Турција и Сирија

Корисниците на социјалните мрежи објавија фотографии и видеа од син блесок за кој се тврди дека се појавил на небото непосредно пред земјотресите коишто во понеделникот вечерта го погодија подрачјето на турско-сириската граница.

На видеото може да се забележи син сјај, по кој започнува подземниот удар. Се наведува дека оваа појава ја забележале жители на сириската провинција Латакија и на пограничните региони во Турција. Такви информации, главно во турските медиуми, се појавија и веднаш пред двата катастрофалниот прв потрес пред две седмици.

Директорот на Високиот институт за сеизмички истражување на Универзитетот во Дамаск, за радиото Sham FM изјави дека нема објаснувања за таа сина светлина, но истакна дека има промена во електричното и магнетното поле на атмосферата пред потресите.

Турската управа за управување со катастрофи (AFAD) во понеделникот вечерта извести за два нови земјотреса во провинцијата Хатај во интервал од три минути со јачина од 6,4 и 5,8 степени, со десетици последователни потреси. Според последните податоци 11 лица загинале, а 213 се повредени. Земјотресите ги почувствувале и жителите на голем број сириски провинции. Очевидци во Дамаск и либанската престолнина Бејрут наведуваат дека потресите во овие градови се почувствувале исто толку силно како и за време на земјотресот на 6-ти февруари.