Поранешниот најкорисен играч на американската професионална кошаркарска НБА лига и играч со најмногу „трипл-дабл“ остварувања во кариерата, Расел Вестбрук, во понеделникот официјално доби отказ од тимот на Јута Џез во кој беше разменет од Лос Анџелес Лејкерс, и како слободен играч сега би требало да се вратат во Лос Анџелес како слободен играч, но во тимот на Клиперс.
Откако играч ќе добие отказ од неговиот клуб, тој може да бара нов клуб по 48 часа, а агентот на Вестбрук, Џеф Шварц изјави дека тој има намера да потпише за Клиперс.
Сезонава, 34-годишниот Вестбрук во дресот на Лејкерси имаше просек од 15,9 поени, 7,5 асистенции и 6,2 скока.
Пред шест години, како член на Оклахома Сити Тандер, Вестбрук беше избран за МВП на сезоната, но оттогаш смени неколку клубови, играше за Хјустон Рокетс, Вашингтон Визардс и Лејкерс, но никаде не го оправда својот скап договор.
Клиперси, кои во своите редови имаат големи ѕвезди како Кави Ленард и Пол Џорџ, со сооднос победи-порази 33-28, моментално го заземаат четвртото место во Западната конференција.
Во исто време Милвоки Бакс добија добри вести, бидејќи повредата на зглобот на нивниот најдобар играч Јанис Адетокумбо е од полесна природа. Гркот се повреди во четвртокот против тимот на Чикаго Булс во својот последен настап пред Ол-стар паузата, но ќе се врати во составот веднаш штом ќе се смират болките.
Со скор од 41-17, Бакс се вториот тим на Истокот, веднаш зад водечките Бостон Селтикс, кои имаат 42-17.