ФОТО I Моника Белучи заспива во прегратка на новиот партнер

Со години се шпекулира за емотивниот живот на Моника Белучи. Нејзината поранешна љубов, Винсент Касел, „се смири“ покрај младата Тина Кунаки, а фаталната убавица, иако во јавноста се појавуваше со мажи, никогаш јавно не проговори дали тие се само нејзини придружници на настани или емотивни партнери.

Францускиот весник Paris Match објави дека познатиот режисер Тим Бартон и Моника Белучи се заедно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paris Match (@parismatch)

Заедничка фотографија во Париз, држејќи се за раце и наводни извори блиски до парот, укажуваат на тоа дека Бартон и Белучи се нова филмска двојка.

Според објавите во медиумите, односот меѓу режисерот и актерката бил во целосна тајност. Тие се запознале во Кан во 2006 година, но врската официјално започнала во Лион на фестивалот Лумиер.

Тим Бартон беше во долга врска со актерката Хелена Бонам Картер.

Бартон е добро познат во филмската индустрија по неговата готска фантазија и естетика.

Неговите заслуги вклучуваат се во филмовите Beetlejuice (1988), Edward Scissorhands (1990), The Nightmare Before Christmas (1993), Ед Вуд (1994), Sleepy Hollow (1999), Corpse Bride (2005), Sweeney Todd: The Demon Barber of Fleet Street ( 2007) и Dark Shadows (2012), како и успешната серија на Нетфликс Wednesday (2022).