Иселениците на семејствата им испратиле 325 милиони евра

Македонските иселеници кои живеат и работат во ЕУ во 2021 година испратиле во земјава 325 милиони евра, покажуваат податоците на Евростат.

Вкупно, од членките на ЕУ преку лични трансфери во други земји кои не се дел од Унијата биле испратени 37,7 милијарди евра. Истовремено во ЕУ како прилив од странство се влеале 13 милијарди евра.

Најголем одлив има од Франција 12 милијарди евра, од Италија 6,5, од Шпанија 6,3 и од Германија 6,1 милијарда.

Од државите во регионот, најмногу во матичните земји испратиле Хрватите 1,56 милијарди евра, потоа иселениците од Босна и Херцеговина 1,47, Бугарите 1,15, косовската дијаспора 1,12, албанската 1,04 милијарди, Грците 812 милиони, Црногорците 300 милиони евра.

Одливите на евра од ЕУ покажуваат постојан тренд на раст, и од 2015 година се зголемени за 47 отсто, што во 2021 резултира со негативно салдо за Унијата од 24,7 милијарди евра.