Реализацијата на секундарната мрежа е во тек, за скопскиот регион двете компании кои се пријавија на тендерот за гасификација на главниот град и околината, Аксо Енерџи од Турција и Конкордија од Италија, имаат обврска да ја докомплетираат документацијата, по што Владата ќе одлучи дали едната или двете компании ќе ги вклучи во изградбата на гасоводната мрежа.
Ова го истакна вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски за Радио Слободна Македонија.
– Заштеди и до 45 проценти на годишно ниво за домаќинствата. Гасификацијата ќе ги намали во голема мера трошоците, односно природниот гас ќе чини речиси половина помалку годишно, споредено со сметките за енергенсите што во моментот ги користат граѓаните, вели Пешевски.
Според вицепремиерот, едно домаќинство кое живее во куќа на три ката или со површина од околу 250 квадратни метри, доколку екстра лесното масло би го замениле со природен гас би заштедиле, според пресметките, 45 проценти од трошоците на годишно ниво. Ако домаќинствата и компаниите трошат струја заштедите кај нив би биле 22, односно 49 отсто од трошоците на годишно ниво.
Пешевски говори и за преговорите со Европската банка за обнова и развој околу финансирањето на примарната гасоводна мрежа.
Во идната недела претставници од ЕБОР доаѓаат во земјава, најави Пешевски, а една од темите на разговорите е токму гасификацијата на Македонија и оправданоста од овој проект.
Реализацијата на секундарната мрежа е во тек, за скопскиот регион двете компании кои се пријавија на тендерот за гасификација на главниот град и околината, Аксо Енерџи од Турција и Конкордија од Италија, имаат обврска да ја докомплетираат документацијата, по што Владата ќе одлучи дали едната или двете компании ќе ги вклучи во изградбата на гасоводната мрежа.
Овој проект чини над 150 милиони евра. 100 милиони евра тежи изградбата на гасоводот во скопскиот регион, а останатите 22 односно 28 милиони евра за вториот и третиот регион, односно гасификација на источна и западна Македонија.