Google ги пренасочува пребарувањата за бременост кон реклами за групи против абортус

Американскиот технолошпки гигант Google ги пренасочува жените кои бараат онлајн совети поврзани со бременоста кон советувалишта што ги водат здруженија против абортус, а овие реклами многу личат на случајни резултати од пребарувањето, британскиот весник The Guardian.

Доколку корисник во Велика Британија овој месец напише 40 клучни фрази во пребарувачот на Гугл поврзани со совети за абортус, 117 од вкупно 251 резултат од пребарувањето водат кон реклами за организации кои се борат против абортусот, заклучува студијата на Observer за весникот.

Клучните фрази што се користат за пребарувањето на Google се, меѓу другото, „националната здравствена служба абортус совет“, „доверливо абортус поддршка“, „бремена тинејџерка помош“, наведува The Guardian.

Во некои случаи, овие организации нудат услуги за советување, но не ги кажуваат јасно ставовите на луѓето, борците против абортусот, кои стојат зад овие организации.

Зад организацијата „Телефон за помош со кризи поврзани за бременоста“, која често се појавува во резултатите од пребарувањето, делумно стои десничарската евангелистичка организација „Христијанска грижа“, која ја пропагира забраната за абортус, наведува британскиот весник.

Рекламите што Google ѝ ги понудил на личноста за која имал информации дека е жена на дваесетина години која живее во Лондон, многу личеле на резултати од случајно пребарување.

Ваквите резултати предизвикале загриженост. Пратеничката на Лабуристичката партија во британскиот Парламент, Стела Криси, смета дека Владата треба да изврши притисок врз технолошките гиганти да ги отстранат резултатите кои можат да бидат потенцијално опасни.

Според неа, постои разлика меѓу слободата на говорот и „обидите да се измамат ранливите корисници кои треба да бидат сигурни дека она што го читаат е медицински правилно и непристрасно“.

Од Google соопштиле дека овие реклами се согласно правилата на компанијата и нагласи дека ја имаат ознаката „реклама“, па од формална страна сѐ во ред.