Оваа власт не трпи критика ниту од опозиција, медиуми, новинари, ниту сака да ги чуе синдикатите. Најверојатно таа не трпи ниту критика од сопствените редови. Ете затоа најверојатно претпоставувам дека Рендевски е натеран да си даде оставка, изјави пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Ангелеска на денешната собраниска седница.
Таа запраша дачи господинот Рендевски е разрешен односно си дал оставка самиот или пак власта го натерала да си поднесе оставка од заменичката позиција?
„Нелегитимниот премиер лаже дека оваа реконструција не е врзано од тесно партиски интереси, таа е чисто врзана од тесно партиски интереси за одржување уште неколку денови, месеци на власт, а зошто? За да можат да си продолжат тендерите во четири очи, да можат да продолжат со именувања на судии, обвинители, уставни судии и да го доокупираат судството и обвинителството“, рече Ангелеска
Ангелеска истакна дека заменикот министер Башким Хасани не побарува образложение од премиерот Ковачевски за неговото разрешување туку од Ахмети.
„Ова е една Влада која е неспособна, арогантна, самобендисана, криминогена, коруптивна и ништо нема да им помогне со таа промена на министри за да си го променат нивниот начин на размислување и делување, а кога колегите ќе спомнат предвремени избори власта реагира бурно на тоа“, изјави Ангелеска.
Таа истакна дека власта не може да сака предвремени парламентарни избори бидејќи нема анкета која не покажува дека се повеќе и повеќе тоне.
„Колку сте повеќе агресивни и арогантни обратно пропорцинално оди вашиот рејтинг, колку повеќе сте по агресивни и арогантни уште повеќе ќе пропаѓате. Колку повеќе од вашата уста излегува ЕУ, ЕУ, ЕУ уште повеќе ќе расте евроскептицизмот бидејќи власта нема европски вредности за да ја споменува Европската Унија“, децидна е Ангелеска.