Повторно лично и добронамерно за иднината на нашите деца до:
Димитар Ковачевски-Таче
Ептен крај на колумната
Ако некогаш почитувани читатели сте мислеле дека СДСМ разбира медиуми тогаш мораше да бидете присутни на средбата во омилената партија далечната 2012 година март месец, каде со покана на Бранко Црвенковски (самиот и неговата екипа имаше шамионски искрен пристап кон тогашната железна рака врз медиумите која ја стави Никола Груевски) присуствуваа поголем број на медиумски аналитичари кои демек им се ставаат на располагање со своите познавања. Знаете каков беше заклучокот: 95% од присутните се изјаснија: Јас неможам поради бизнисот.
Тогаш заклучив дека медиумските подржувачи во СДСМ се обични „шмокљани“ и тоа во стилот на ситни рекетари, хохштаплери, буљаши во душа, ќе ти земат пари и ништо нема да ти завршат работа.
Истите тие наместо да го прочитаат заклучокот од тоа време напишан од Емилијан Станковиќ и да научат како политичка партија мора да се однесува, тие му викаат на Таче-та, Премиере : Ај кажи три. Три. Најбоље ми ја бапнуеш баш ти.
А, од друга страна му вадат сексуална афера со Моника Зајкова инаку лидер на ЛДП. Ама нешто не разбираат. Г-ѓата Зајкова е внука на Маријан Здравковски, а старите другарства не умираат. Тоа се истите другари и другарки на големата евроинтегративка, која медиуми разбира како јас подводен риболов.
Како заклучок на оваа колумна.
Таче тргни ги рацете од медиумите. Сконецентрирај се. Повикај го Христијан Мицковски. Договори се за АВМУ да се отвори конкурсот. Преку слаб АВМУ поминуваат сите криминални дејанија во медиумите.
Само да знаеш. Нема да го отвориш. Затоа што си ист како и оној претседателон за аболиција. Се криете ко ПтИЧКИ под кошули.
Во оваа мила Македонија нема љубов кон било кој паметен човек. Затоа ни бегаат децата. Заради таквите ко ти.
Амааа. И ние имаме адути за тебе. Уште од сега драг Таче те гледам како се договараш за истите места од твоите полтрончиња што ми ги споменуваат. Како беше? Пази да не завршиш таму кај што не треба.
Од почит кон тебе морам да им дадам одговор во стилот на населбата каде што живеам. Нема сексизам само дел од книга на родените: А МАЈКИТЕ ВИ, МЛАДИ ЛИ СЕ? Во духот на тоа дали сеуште можат да си ги чуваат своите мрсулковци, како што го чувам јас мојот мал мрсулко од 3,5 години, чија мајка е Млада.
П.С. 1. Да имаме нормална демократија и нормални новинари одлуката што ја донесе за апанажа Уставниот Суд, сите нејзини членови веднаш се ставаат на криво магаре, ќутек и тоа „цигански“, и одлука од министерство за финансии дека сите нивни роднини и пријатели дека се бркаат од работа, се ангажираат за берење разни ситни плодови, за да се мачат. Мандатот на министер или заменик доаѓа од позиција на политичка сила и волја. Кога одредена политичка партија ја напушта власта тогаш завршува учеството на избраниците на партијата со право на апанажа согласно правилник.
П.С. во следната колумна ќе ја опишам твојата демократија преку примерот на мојот другар Жиле доколку одлучи освен да бира и да биде биран, на било кои избори.
Почеток на колумната
Како ја објавив претходната колумна не ме загрижија полтрончињата кои демек се јавуваат во име на Таче, туку ме изненадија мои пријатели со една константатација: „ Дај молим те припази што пишуваш“.
Па, другари и јас знам дека Таче користи непристоен вокабулар и ги држи на снајперски нишан своите противници, ама ај да ќутиме за се што ни случува.
Инаку искрено ми е жал за тебе Таче кој се ти пишува говори и каков Пи-Ар плаќаш и тераш. Тоа се ликови кои очигледно е дека не прават разлика од Фукушима и Фукујама. Еве твоите економски говори се ала Шоиќ. Оригинал. Тоа иде вака:
„Рецесија, та опака бољка хара и разједа, привреѓавање, Америка веќ одреѓено време кубури с буѓети, јапанска берза се љуља као мала лаѓа на узбурканом океану, Немачка привреда посрќе због овог њихово уједињење, а богами господа и госпоѓо не цвета цвече ни у наше предузеќе.
Долази време реорганизација, трансформације и систематизације. И зато несмемо да се опушќамо, него да гледамо у будуќност, да ватамо корак с реформом, финансиски токови и приливи. Да ваќамо Европу, да ваќамо свет.
Ја као руководеќи орган се непрестано ваќам стенденције, ако ја могу да се ваќам морате и ви да се ваќате… али видим да је Миле изнео прасиќе из фуруне, а зна се да су прасиќе ништа нарочито кад се охладе, па рекох да скратимо“.
Наместо да држиш говор во Собрание алудирајќи на Латас, можеше да дадеш кратка изјава: Мислам дека една новинарска звезда би морала да внимава на своите изјави, да ги прати новите законски решенија кои се однесуваат на човековите права, ама јас можам да повикам правосудните органи да бидат и правно и правично потковани.
Ама не. Ти покрена цела Пи-Ар машинерија. Сеа мамата на Латас. И плус на обвинителството му закачи етикета дека е твое лично партиско органче и работи на принципот „Ти оком, они скоком“.
Може ние за Латас да си коментираме и да му кажеме – Види Лаки, еден славен војсководец има кажано: Сите жени се курви, извини мајко и ти си жена. Па, сега Лаки оди објасни по дома на жена ти и ќерка ти што мислеше со твоето малограѓанско фалбаџиство.
Патем Таче, пред очи ти отвараат Попски ТВ станици со забавен карактер. Баш ме интерсира како ќе се финасираат. Најверојатно како и твоите коалициони новинари. Ако чедо божје не ми клаиш една реклама че ти акнам една клетва и плус пророчанство дека нема да имаш среќни поколенија. Отприлика вака и твоите. А, нема да им дадат пари во медиумите, одма анализи и афери. Тоа се вика омаловажување, изнуда и уцена. Башка што имаат посетители од Кина. Знаш Си Џи Пинг прво стануење и одма да види шо има у Македонија. За да знае кај да тера. Иначе ова се вика измама со елементи на меѓународен криминал. Да те советувам и ја нешто.
Инаку, знаш со какви типови се дружиш. Поради разделба новинарска (не е Инфомакс и Аце Мечка), му измислуваат приказна на Христијан Мицкоски дека бил во Италија заедно со мајка му на лечење од наркоманија. Јас дознавам и се консултирам со другар кој обично во Струга го викаат Пинто и ми вели: Ак кажеш си буљаш, ак не кажеш си ептен буљаш. Не јај лајња и право кај старион (се мисли на Иван Мицковски, татко на Христијан). Со бетонски чизми, со пуцвал и забни тампони во устата, нормално кажав. Професорот прав џентламен без тронка суета, ми се заблагодари.
Така да Маријан Доказ за твоиве коалициони новинарски другари е „шиљокуранче“, мали пицопевац. Инаку, за разлика од нив моите информации, а секогаш имам добри, поголемиот дел (95%) од парите му се давани во кеш за кооперација оговарања од типот: На овој му е мало курето.
И сега обвинителството треба да решава семејни проблеми на шапшали наши, па уште и да влегуе у систем на стандардизација и вештачење што е мало, а што големо. Или пак да влезе у суштината на одбрана ако некој вика дека соодветниот оштетен се има изјаснето дека иде со став: Мало, мало ама техничарче.
Бидејки другар Таче си обична кукавица за ТВ дуел, затоа ќе мора да се занимаваш со индиции со криминал кој се случува преку органите на управување. Еве да ти кажам три случаи. Кои само многу спремни обвинители можат да ги разберат оние кои би ги објаснувале делата каде има несогледливи финансиски загуби од корисниците на државните ресурси загарантирани со закон.
Пример 1.
Наменски АВМУ (тогаш Совет за радиодифузија) под водство на Зоран Трајчевски на селективен и дискриминарчки начин под изговор дека не исполнува програмски стандарди, ја одзема дозволата на ТВ А2. Во исто време сите други ТВ станици од тој тип, исто така не ги исполнуваа програмските стандарди. Како знам? Па, јас бев првиот управител на ТВ Канал 5 Плус и јас ја напишав лиценцата во делот на програмата. И во исто време му помогнав на пријател кој пишуваше две лиценци за други клиенти, подоцна сопственици на ТВ станици. Документите од архива не исчезнуваат.
Пример 2.
Со измена на закон тотално неприродно и надвор од сите европски правила, се дозволува да од терестријална ТВ станица се премине на кабловска станица. Со тоа се изврши упад врз бизнис планот на ОНЕ Телеком за комплетна дигитализација во Македонија. Со измама за наводни национално кординирани фреквенции се уништија супер регионите каде ќе се појавеа сериозни регионални ТВ станици како: ТВ Тера, ТВ М, ТВ Коха, ТВ Хана, ТВ ЕРА, ТВ Вис, ТВ Стар итн. Плус ќе си ја продолжеа својата бизнис логика како Мрежа плус.
Инаку дигитализацијата, како во Европа, така и во Македонија е техничка замена на еден тип антена со послаб квалитет, со друг тип на антена со многу посериозен квалитет.
Примерот 3 ќе ти го раскажам во следната колумна по однос на твојата демократија која ја воведуваш и каде јасно ќе се објасни дека секој паметен обвинител ќе разбере дека станува збор за сериозен криминал и уништување на националното чувство на Македонците и Албанците.
Автор: Виктор Грозданов за НетПрес