Во првиот натпревар од 23-то коло на германското фудбалско првенство, Борусија Дортмунд го победи РБ Лајпциг со 2:1 и го презеде врвот во Бундеслигата.
Борусија Дортмунд оствари исклучително важна победа во битката со Баерн Минхен и Унион Берлин за шампионската титула на Германија.
Тимот од Дортмунд сега има три бода повеќе од Баерн кој в сабота го очекува гостување кај Штутгарт каде секој бод е важен во борбата за прволигашки спас.
Борусија првпат ја затресе мрежата во 13 минута. Џуд Белингем шутираше во шеснаесетникот, а топката ја пречека Јулијан Брант и погоди во долниот лев агол, но голот беше поништен по ВАР асистенција поради играње со рака.
Седум минути подоцна домашните поведоа. Јанис Бласвич направи пенал, а Марко Ројс погоди за 1:0. Во 39 минута Борусија ја круниса подобра игра со втор гол, а го постигна Емре Џан.
Во 48 минута Андре Силва можеше да намали, но биеше непрецизно. Силва имаше одлична шанса во 70 минута, но Александер Мајер одлично одбрани. Но, четири минути подоцна, Емил Форсберг постигна гол, враќајќи ја надежта кај гостите.
Во самата завршница гостите можеа да стасаат до бод, но Тимо Вернер и Форсберг не ги реализираа убавите прилики.
Во сабота силите ќе ги одмерат Унион Берлин – Келн, Мајнц – Хофенхајм, Борусија М’гладбах – Фрајбург, Бохум – Шалке 04, Аугсбург – Вердер Бремен и Штутгарт – Баерн Минхен, додека во недела преостанатите два меча од ова коло се Баер Леверкузен – Херта Берлин, Волфсбург – Ајнтрахт Франкфурт.
Сега води Борусија со 49 бодови, Баерн има три помалку, а трет е Унион Берлин со 43 бодови. РБ Лајпциг остана на четвртото место со 42 бода.