Кичевец осуден на 13 години казна затвор, приведен во Битола,

Во саботата попладнето во  18.10 часот, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода 30-годишниот И.М. од Кичево.

Тој бил осуден на казна затвор од 13 години, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување седум години и еден месец од казната.

Исто така, тој се сомничи дека околу 12 часот на улицата „Маркс и Енгелс“ физички ја нападнал 69-годишната Л.С. од Битола и ѝ одзел накит.

Лицето ќе биде спроведено во установата за доиздржување на казната, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.