Кошаркарите на Вашингтон Визардс ги победија Детроит Пистонс со 119:117 со кошот на Даниел Гафорд, во еден најдараматичниот натпревар од синоќешната програма на НБА лигата.
Ова беше деветти последователен пораз за Пистонс, кои настапија без шест играчи, меѓу кои и водечкиот стрелец Бојан Богдановиќ, кој има проблеми со ахиловата тетива. Недостасуваа поради повреди и Алека Баркс (стапало), Џејлен Дјурен (глужд), Килијан Хејс (рака), Хамиду Диало (скочен зглоб) и Исаја Стјуарт (колк).
Визардс до славјето ги предводеа Бредли Бил со 32 поени, по седум скока и асистенции, Кристапс Порзингис со 24 поени и седум скока и Кајл Кузма со 23 поени. Џејден Ајви го предводеше Детроит со 26 поени и 12 асистенции. Џејмс Вајсман додаде 21 поен, а Марвин Бегли 15 поени.
Вашингтон е на десеттото место на Истокот со скор 31-34, а последен е Детроит со 15 победи и 51 пораз.
Во не помалку интересен дуел Оклахома Сити Тандер со 137:128 на домашен терен ги победија против актуелните шампиони во НБА, Голден Стејт Вориорс. Натпреварот меѓу Тандер и Вориорс во Пејком Центарот го следеа 16.142 гледачи кои можеа да уживаат во важната победа на домашниот тим во борбата за плеј-офот.
Оклахома одлично го отвори натпреварот поведе со 13:2, но Вориорс го свртеа резултатот и дојдоа до предност од 27:26. Следеше нова серија за домаќинот, кој на крајот од првата делници имаше десет поени предност (40:30). Во втората четвртина Тандер имаше и +14 (55;41), но Голден Стејт успеа да израмни на 60:60. На полувремето водеше Оклахома со четири разлика, која во третата четвртина имаше и 11 поени (101:90), но во последната четвртина влезе со водство од 105:99.
Во последниот период домаќините цело време водеа, во еден момент дури и со +14 (132;118), Голден Стејт се доближи на шест поени негатива (134:128) но немаше сили да стори повеќе.
Во домашните редови седум играчи постигнаа двоцифрен број поени. Шаи Гилгеус-Александер беше најефикасен со 33 поени и шест асистенции, Лугуенц Дорт постигна 18 поени со осум скока, додека Џош Гиди впиша „трипл-дабл“ – 17 поени, 17 асистенции и 11 скока.
Вориорс ги предводеа Стивен Кари со 40 поени, шест скока и седум асистенции и Клеј Томпсон со 23 поени.
Голден Стејт моментално е петти на Западот со скор 34-32, додека Оклахома е на деветтата позиција со 31-34. За потсетување, првите шест екипи од Источната и Западната конференција одат директно во плеј-офот. Тимовите рангирани од седмото до десеттото место ќе играат на НБА плеј-ин турнирот за седмиот и осмиот носител.
РЕЗУЛТАТИ
Детроит Пистонс – Вашингтон Визардс 117:119
Орландо Меџик – Милвоки Бакс 123:134
Њујорк Никс – Шарлот Хорнетс 105:112
Минесота Тимбервулвс – Филаделфија 76ерс 94:117
Хјустон Рокетс – Бруклин Нетс 96:118
Оклахома Сити Тандер – Голден Стејт Вориорс 137:128
Далас Маверикс – Јута Џез 120:116
Лос Анџелес Лејкерс – Мемфис Гризлис 112:103
ТАБЕЛИ
ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА
АТЛАНТСКА ДИВИЗИЈА
1. Бостон Селтикс 45 21 ,682 —
2. Филаделфија 76ers 43 22 .662 1 1/2
3. Њујорк Никс 39 28 .582 6 1/2
4. Бруклин Нетс 37 28 .569 7 1/2
5. Торонто Репторс 32 34 .485 13
ЦЕНТРАЛНА ДИВИЗИЈА
1. Милвоки Бакс 47 18 ,723 —
2. Кливленд Кавалирс 41 26 .612 7
3. Чикаго Булс 29 36 .446 18
4. Индијана Пејсерс 29 37 .439 18 1/2
5. Детроит Пистонс 15 51 .227 32 1/2
ЈУГОИСТОЧНА ДИВИЗИ
1. Мајами Хит 35 31.530 —
2. Атланта Хокс 32 33 .492 2 1/2
3. Вашингтон Визардс 31 34 .477 3 1/2
4. Орландо Меџик 27 39 .409 8
5. Шарлот Хорнетс 21 46 .313 14 1/2
ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА
ПАЦИФИЧКА ДИВИЗИЈА
1. Сакраменто Кингс 38 26 .594 —
2. Феникс Санс 36 29 .554 2 1/2
3. Голден Стејт Вориорс 34 32 .515 5
4. Лос Анџелес Клиперс 34 33 .507 5 1/2
5. Лос Анџелес Лејкерс 32 34 .485 7
ЈУГОЗАПАДНА ДИВИЗИЈА
1. Мемфис Гризлис 38 26 .594 —
2. Далас Маверикс 34 32 .515 5
3. Њу Орлеанс Пеликанс 31 34 .477 7 1/2
4. Сан Антонио Спарс 16 49 .246 22 1/2
5. Хјустон Рокетс 15 50 .231 23 1/2
СЕВЕРОЗАПАДНА ДИВИЗИЈА
1. Денвер Нагетс 46 19.708 —
2. Минесота Тимбервулфс 34 33 .507 13
3. Оклахома Сити Тандер 31 34 .477 15
3. Портланд Трејл Блејзерс 31 34 .477 15
5. Јута Џез 31 35 .470 15 1/2