Седум мртви во пукање во црква на Јеховините сведоци во Хамбург

Непознат напаѓач застрела најмалку седум лица и повреди уште неколку други во салата на Јеховините сведоци во Хамбург, објавија германските медиуми во четвртокот вечерта.

Според првичните информации, околу 21 часот по лијално време еден или повеќе сторители отвориле оган во сала во хамбуршкиот кварт Алстердорф. Во таа прилика загинаа најмалку седум лица, а повеќе беа ранети, од кои неколку потешко.

Полицијата преку апликацијата за тревога ги повика жителите да се засолнат и да не ги напуштаат домовите сѐ додека насилникот или сторителите се во бегство.

„Барајте засолниште што е можно побрзо“, се вели во пораката.

Од полицијата соопштија дека засега немаат информации за сторителите или за  евентуален мотив.

Воедно, се повикуваат граѓаните да не шират неточни информации преку социјалните мрежи.

Полицијата ги повикува жителите „да телефонираат само во случај на екстремна итност, за да не се оптоварува мрежата“.

Полицијата во Хамбург го смета нападот врз црквата на Јеховините сведоци, во кој загинаа седум лица, за изолиран инцидент, објави агенцијата DPA повикувајќи се на безбедносни извори.

Нема индиции дека сторителот на масакрот е во бегство и дека би можел да биде меѓу загинатите, објави Bild повикувајќи се на полициски извори.