Кизиќ на две секунди одбрани пенал на Нексе, Пелистер во четвртфиналето на СЕХА-лигата

Младиот македонски репрезентативен голман Марко Кизиќ со одбранет пенал на две секунди пред крајот, му донесе на вицепрвакот Пелистер победа од четири гола разлика против хрватски Нексе (27-23) за да го избегне третото место и пресметка во четвртфиналето ППД Загреб во регионалната СЕХА-лига.

Пелистер имаше шанса да го прегази Нексе и да го освои и првото место во групата, зашто на десет минути пред крајот имаа огромни плус осум (26-18), благодарение на извонредните голмани Урбан Лесјак и Кизиќ, кои заедно имаа 18 одбрани, но не можеа битолчани без драматична завршница, па Хрватите ја стопија предноста на минус четири и во завршницата еден гол решаваше сѐ – кој ќе биде трет во групата.

Хосни на 20 секунди пред крајот промаши за предност од пет гола, а потоа Кизиќ две секунди пред крајот одбрани седмерец, негов трет на мечот од вкупните седум на мечот и на Пелистер му го донесе второто место, што значи дека ќе вкрсти со првиот во другата група, во која допрва ќе се знае кој ќе го освои меѓу Татран Прешов, Вардар и Партизан.

Покрај Кизиќ, Лесјак собра 11 и интервенции, Денис Василев даде шест гола, а Каспер Кисум четири, додека кај Нексе, Томислас Северец и Лука Милосавац дадоа по четири гола, а Морено Цар имаше осум одбрани.

Извор: Спорт1.мк