За два дена прослава по повод една година Влада, искеширани дури 168.000 евра од државниот буџет

Граѓаните од државниот буџет за дводневната конференција насловена „Година на нови можности“ по повод една година од формирање на Владата на чело со премиерот Димитар Ковачевски платиле 168.000 евра, објави Сител.
Угостителските услуги и закупот на конференциската сала одело преку компанијата „Ноа турс“ за што биле платени речиси 20.000 евра (19 705). Од кои 6.800 (6 812) за угостителските услуги, а остатокот (12 893) за закуп на конференциската сала.
Пред нас е година на нови можности за кои напорно работевме и за кои создадовме услови во текот на минатата година“. Вака премиерот Димитар Ковачевски ја отвори годишната конференција „Година на можности“ по повод една година од неговото претседателствување со Владата. Два дена, на 30 и 31 јануари, премиерот, министри, заменици министри, директори, академици, советници и експерти учествуваа на четири панел дискусии посветени на различни теми. Од ЕУ интеграции до регионален и локален развој. Но, трошоците за мега настанот се чуваа во тајност. Ниту тогаш премиерот Ковачевски не сакаше да открие колку граѓаните ќе платат за конференцијата.
-Не можам да ви кажам бидејќи тоа го прават службите, но секако дека ќе комуницираат откако ќе заврши. Настанот е транспарентен и се случува таму каде се случуваат и многу други настани, рече Ковачевски.
Увид во трошоците побаравме преку „Барање за информации од јавен карактер“. Граѓаните од државниот буџет за дводневната конференција платиле вртоглави 168.000 евра. (167.982).
Парите завршиле во две компании и тоа за три ставки. Најголем дел од парите биле дадени за организацијата на настанот, односно за озвучување, осветлување, паноа и слично. Организатор била компанијата „Фонолукс“ која за овие услуги наплатила 148 000 (148 277) евра.
Угостителските услуги и закупот на конференциската сала одело преку компанијата „Ноа турс“ за што биле платени речиси 20.000 евра (19 705). Од кои 6.800 (6 812) за угостителските услуги, а остатокот (12 893) за закуп на конференциската сала.
Новинарите и за време на одржувањето на конферецијата, но и во деновите потоа бараа одговори од премиерот и владата за трошоците за овој настан, но Ковачевски постојано одбиваше да одговори и велеше дека владината прес-служба ќе објави колку пари се дадени за организацијата на настанот.