
Денеска во Грција не функционираат државните служби, затворени се училиштата, бродовите и траектите се закотвени на пристаништата, проблеми има во авионскиот сообраќај со откажани летови, поради штрајкот на контролорите на летање, а јавниот превоз во Атина ќе работи само неколку часа.
Грчките синдикати на вработени во државниот сектор, на вработени во приватниот сектор и синдикатот на Комунистичката партија, утрото на 16 март започнаа 24-часовен генерален штрајк, што ќе ја парализира Грција. Во штрајкот учествуваат и синдикатите на вработените во државните болници, како и студентски здруженија и организации.
Причина и за овој штрајк е железничката несреќа со 57 жртви што се случи на 28 февруари кај Темпи, во близина на Лариса.
По несреќата, во Грција се одржаа неколку протести и штрајкови. Синдикатите порачуваат дека „криминалот нема да се прикрие“. Паралелнио, закажани се протести, како во Атина, така и во другите грчки градови.