Мега-пресметка и италијанско дерби во четвртфиналето на Лигата на шампионите!

Манчестер Сити ќе се сретне против Баерн Минхен, во највозбудливиот дуел од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Вака одреди денешниот ждреб на УЕФА.

Европскиот првак Реал Мадрид ќе ја продолжи одбраната на титулата со четвртфинална пресметка против Челси.

Интер за ривал ја доби Бенфика, а Наполи и Елиф Елмас ќе играат против Милан.

Победниците од овие мечеви ќе вкрстат и во евентуалното полуфинале, на патот кон Истанбул.

ДВОЈКИ ЗА ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ ВО ЛШ

РЕАЛ МАДРИД – ЧЕЛСИ

ИНТЕР – БЕНФИКА

МАНЧЕСТЕР СИТИ – БАЕРН МИНХЕН

МИЛАН – НАПОЛИ

ДВОЈКИ ЗА ПОЛУФИНАЛЕ ВО ЛШ

МИЛАН/НАПОЛИ – ИНТЕР/БЕНФИКА

РЕАЛ МАДРИД/ЧЕЛСИ – МАНЧЕСТЕР СИТИ/БАЕРН МИНХЕН