ВМРО-ДПМНЕ веднаш прифаќа уставни измени по примерот на Хрватска каде државата е на еден народ и на другите малцинства, порача Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на новинарско прашање како ги коментира тезите на СДСМ и ДУИ дека уставните измени би можеле да се направат по примерот на Хрватска каде во Уставот има широко набројување на етничките заедници рече дека ако тоа е формулата за успех таква уставна измена ВМРО-ДПМНЕ одма ќе прифати.

„Па не знам дали се сигурни дека сакаат да биде според преамбулата во Хрватскиот Устав, еве јас сум подготвен ако е тоа формулата за успех уште утре да ја отпочнеме процедурата, да биде Македонија држава на еден народ и на малцинствата во неа. Ако сакаат уште утре да ја отвориме преамбулата на македонскиот Устав и да го направиме тоа според хрватскиот терк само да не се каат после тоа, да не речат некои други етнички заедници, не било баш така како што тие кажуваат. Не знам дали ја прочитале, не знам дали виделе или така на памет само си кажуваат, но еве ние како ВМРО-ДПМНЕ веднаш прифаќаме таква уставна измена“, рече Мицкоски.