Серија А: Јуве победи со Верона, Интер киксна со Фиорентина

Во последниот натпревар од саботната програма од 28-то коло на италијанското фудбалско првенство, Јувентус како домаќин со минималните 1:0 ја совлада Верона.

Единствениот погодок на мечот во кој торинската „Стара дама“ пропушти да реализира уште некоја од неколкуте изгледни шанси, го постигна Моис Кин во 55 минута по убавата комбинација на соиграчите Фаџоли и Локатели.

Сега седмиот Јувентус има 44 бодови и е сѐ поблиску до екипите кои се борат за пласман во Лигата на шампионите следната сезона, иако му беа одземени 15 бодови поради малверзации при трансверите. Вториот Лацио има осум бода повеќе, трет е Интер со шест бода предност пред Јуве, четвртата Аталанта и петтиот Милан имаа по четири бодови а шестата Рома три бода повеќе.

Уверливо со 71 бод на врвот е Наполи на македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас.Во

Верона, пак остана на 18-то место со 19 бодови, пет помалку од 17-та Специја која го држи последното место кое обезбедува опстанок во Серија А.

Претходно во саботата ланскиот вицешампион Интер во Милано го претрпе третиот последователен пораз во првенството, од Фиорентина со 0:1. Победничкиот гол го постигна Џакомо Бонавентура во 53 минута кога најбрзо реагираше на одбиената топка откако Онана го одбрани ударот на Кабрал.

За Фиорентина ова е петтата последователна првенствена победа со којашто дојде до седмото место на табелата со 40 бодови, а Интер и натаму е трет со 50 бодови.

Аталанта како гостин со 3:1 го совлада последниот Кремонезе. Гостите од Бергамо поведоа во 44 минута преки Мартен де Роон, а во 56 минута од пенал за домашните израмни Даниел Чофани. Но потоа следеа погодоците на Жереми Бога во 72 и на Адемола Лоокман во третата минута од судиското продолжение на мечот.

Аталанта е петта со 48 бодови, а Кремонезе со само една победа сезонава е убедливо последен 20-ти со 13 бодови.

Во недела играат Болоња – Удинезе, Монца – Лацио, Специја – Салернитана, Рома – Сампдорија и Наполи – Милан, а в понеделник Емполи – Лече и Сасуоло – Торино.