Тајванската претсeдателка ги осуди „неодговорните“ кинески воени вежби

Кинеските воени вежби предизвикаа нестабилност во Тајван и во регионот и тоа се неодговорни постапки за оваа голема земја, напиша тајванската претседателка Цаи Инг-вен на Facebook откако Пекинг ги заврши тридневните вежби околу островот.

Кина ги започна вежбите во саботата, откако Цаи се врати во Тајпеј, по состанокот во Лос Анџелес со претседателот на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Кевин Меккарти.

Кина, која ги предупреди САД да не дозволуваат Цаи да ги посети или да се сретне со Меккарти, никогаш не се откажаа од употребата на сила за да го стави островот под контрола на Пекинг, кој е управуван силите кои беа поразени од Комунистичката партија во граѓанската војна од 1948 година. Владата на Тајван силно ги оспорува тврдењата на Кина дека станува збор за одметната кинеска провинција и постојано ги осудува вежбите.

Пишувајќи на својата фејсбук страница ноќта кон вторникот, Цаи наведе дека како претседателка „Јас ја претставувам мојата земја пред светот“ и дека нејзините посети во странство, вклучително и двете астанувања во Соединетите држави не се нешто нови и тоа е она што го очекуваат тајванците.

„Сепак, Кина го искористи тоа за да започне воени вежби, предизвикувајќи нестабилност во Тајван и во регионот. Ова не е одговорен став за една голема земја во регионот“, вели Цаи.

Цаи рече дека вооружените сили и крајбрежната стража на Тајван одговориле „смирено и професионално“ и им се заблагодари на сите вклучени.

„Иако воените вежби на Кина завршија, националната армија и тим за национална безбедност ќе продолжат да ги држат своите позиции и да ја бранат земјата“, додаде таа.