НБА лига: Атланта и Лејкерс изборија доигрување

Кошаркарите на Атланта Хокс и на Лос Анџелес Лејкерс се пласираа во плеј-офот на НБА лигата, по победите во „плеј-ин“ натпреварите. Хокс ги совладаа Мајами Хит со 116:105, додека Лејкерс беа подобри од Минесота Тимберволвс со 108:102 по продолжение.

Атланта го изненади Мајами, и веќе по првата четвртона имаше двоцифрено водство, а во следната четвртина стигнаа до максималнитњ 63:39. Треј Јанг беше најефикасен кај Атланта со 25 поени, осум скока и седум асистенции, Деџунте Мареј постигна 18 поени, шест асистенции и пет скока, а Садик Беј 17 поени и шест украдени топки.

Во тимот на Мајами, Кајл Лори беше подобар од своите соиграчи со 33 поени, Тајлер Хиро постигна 26 поени и шест скока, додека Џими Батлер постигна 21 поен и девет асистенции. Атланта на тој начин го освои седмото место во Источната конференција и во првото коло од плејофот ќе игра против Бостон. Мајами ќе се бори за осмото место со победникот од средбата меѓу Торонто и Чикаго.

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс се изборија за пласман во плеј-офот откако со продолженија ги совладаа Минесота Тимбервовлс со 108:102. Во поголемиот дел од првото полувреме предноста беше на страната на Минесота, која на одмор замина со резултат 60:49. Лејкерси првото водство го остварија во вториот дел од натпреварот на 1,4 секунди пред крајот на четвртата четвртина, кога Денис Шредер погоди „тројка“ за 98:95. Гостите, сепак, изборија продолженија бидејќи Мајк Конли погоди три слободни фрлања на 0,1 секунда до крајот по фаулирањето од страна на Ентони Дејвис.

Лејкерси победија во продолжението благодарение на Шредер, кој постигна 18 поени во вториот дел и продолжението, а вкупно 21 кош. Леброн Џејмс имаше најдобар учинок кај Лејкерси со 30 поени, 10 скока и шест асистенции, Ентони Дејвис имаше уште еден „дабл-дабл“ учинок со 24 поени и 15 скока, додека Шредер покрај 21 поен впиша и четири украдени топки.

Карл-Ентони Таунс забележа „дабл-дабл“ кај гостинскиот тим со 24 поени и 11 скока, Мајк Конли додаде поен помалку, а дабл-дабл ефект имаше и Кајл Андерсон со 12 поени и 13 асистенции.

Лејкерси од седмото место во Западната конференција одат во плеј-офот каде ги чека екипата на Мемфис Гризлис. Во борбата за осмото место Минесота ќе игра против победникот од средбата меѓу Њу Орлеанс Пеликанс и Оклахома Тандер. Осмата екипа на Западот во првото коло од плеј-офот игра против Денвер Нагетс.