Лидерот на ГЕРБ и поранешен премиер Бојко Борисов имал разговори за состав на влада на Бугарија со партијата Има таков народ (ИТН) на Слави Трифонов и се договориле меѓу другото и за односите кон Република Македонија.
Тие разговарале на повеќе теми, како што е усвојувањето на еврото, но и случајот со Македонија, чие вето беше укинато на иницијатива на ГЕРБ и пронашле заеднички јазик, пренесува Њуз бг, повикувајќи се на изјава на Борисов.
– Многу поодговорна, поцврста позиција во однос на РС Македонија – нема шанси нивниот претседател да зборува на овој начин и да го игнорира нашиот претседател, вели Борисов за консензусот постигнат меѓу двете политички сили.
Тој, според бугарскиот медиум, сепак одбил да зборува, како што рече, во име на друга партија избегнувајќи да одговори на прашање за реакцијата на ИТН на темата РСМ.
Целиот текст на БГ њуз може да го погледнете на бугарски јазик ТУКА.