Голема потрага по жената која со измама подигнала 1,3 милиони евра од банка

Црногорската полиција трага по жена која на 12 април со фалсификувани документи на клиент на „Ловќен банка“ од нејзината сметка подигна 1,3 милиони евра.

Според информациите на Вијести, таа банкарска институција ја извести полицијата ден подоцна за измамата, кога М.О. кажа дека не бара да и бидат исплатени парите што ги чува во банка.

Од Управата на полицијата неофицијално велат дека тогаш било утврдено дека парите и се дадени на жена која приложила фалсификувана лична карта на име М.О.

Измамничката наводно на 11 април најавила дека ќе ја повлече заштедата во експозитурата на банката во Херцег Нови, од каде со оглед на тоа дека се работи за голема сума, ја известиле кога ќе дојде. Еден ден подоцна влегла во банката со ранец, ги зела парите и си заминала.

Измамата е откриена кога документите биле испратени во седиштето на банката во Подгорица, од каде стапиле во контакт со клиентката, која им кажала дека не дошла во Црна Гора повеќе од една година.