Мицкоски и Дончевски закажаа средба во „ослободена“ Македонија

На вториот ден Велигден имав чест да остварам средба со живата легенда на Вардар и македонскиот фудбал Андон Дончевски, објави на својот фејсбук профил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Со чичко Дончо пред да замине во Австралија зборевме за Вардар, за македонскиот фудбал, но и за нашата најголема страст и љубов, Македонија.

Човек со неверојатен дух и енергија. Додека разговаравме застана и ми рече, врзи си го ова синко во крпче сега што ќе ти го кажам, нема назад, нема попуштање, таква ти била судбината, тишина, молк…, го погледнав и му одговорив, а каде поназад од ова…, се поздравивме и закажавме следна средба во ослободена Македонија“, додава во објавата Мицкоски.