Охрид домаќин на Јубилејна 50. Европска регионална конференција на Интерпол

Министерството за внатрешни работи годинава ја има честа од 8 до 10 мај, во Охрид, да биде домаќин на Јубилејна 50. Европска регионална конференција на Интерпол – најголемата полициска организација по бројот на членство, во која членуваат 195 земји од светот, објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејсбук профил.

-Организирањето на конференцијата во 2023 година доверена на Република Северна Македонија се совпаѓа со уште еден значаен јубилеј – 30- годишнината од членувањето на нашата држава во ова глобално полициско семејство, напиша Спасовски на ФБ.

Информацијата за организирањето на Конференцијата беше усвоено на Владина сединца на која беше потенцирано дека Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, организацијата и одржувањето на 50-тата Европска регионална конференција на Интерпол го смета за еден од најголемите и најважните настани кои ќе бидат реализирани оваа година, притоа давајќи приоритет на меѓународната соработка, со акцент на меѓународната полициска соработка, вклучувајќи го одбележувањето одредени јубилеи, поврзани со одржувањето на овој настан.