На товарен брод во Венеција откриени 850 килограми кокаин вредeн 150 милиони евра

Италијанските власти откриле 850 килограми кокаин на товарен брод во близина на Венеција, а според грчките медиуми, станува збор за брод во сопственост на грчка компанија, јави дописничката на МИА од Атина.

Кокаинот, откриен во 570 пакувања е во вредност од 150 милиони евра.

Грчките медиуми денеска пишуваат дека конкретниот брод Атлас плови под либериско знаме и е во сопственост на грчката бродска компанија Ласкаридис.