Во селото Цер, кичевско, во борба против турската војска, на денешен ден, загинал Христо Узунов, еден од плејадата големи македонски револуционери, учител и војвода, роднина на Григор Прличев.
Тој се самоубил заедно до единаесетмината негови соборци.
На 24-ти април 1905 година, од Крушево заминал за Кичевско, придружуван од страна на 14 соработници и револуционери, добро вооружени четници и двајца војводи, Ванчо Србаков и Пецето сѐ со цел да го исполнат решението за погубување на петнаесетмината ренегати во една ноќ. Но во кичевското село Цер биле опколени од многуброен турски аскер со артилерија. Тие не примиле никаква помош па биле принудени или да се предадат или да се самоубијат. Војводата Ванчо Србаков решил на свој ризик, со фрлање на бомби да се обиде да се пробие низ огнот, во кој сепак не успеал. За да не им паднат на Турците живи во раце, тој и неговите 13 соборци извршиле саможртва.
Борбата во село Цер меѓу Узуновата чета и одредите од Крушево и Прибилци започнала и четата направила обид да го пробие обрачот, но откако во битката загинале Ванчо Србакот и Узуновиот четник – Наумче, четата се вратила во куќата на Костадиница Стојанова Паунова, која куќа била солидна и погодна за престојната борба. Борејќи сè до претпоследниот куршум, Христо Узунов со своите другари последните куршуми ги истрелале во себеси, не сакајќи живи да се предадат на османски власти.
Сведок на сликата на простреланите четници бил Италијанецот Еторе Лодди кој запишал:
„На другиот ден после бојот ја видов во Цер страшната слика што никогаш нема да ја заборавам. – Труповите на единаесет млади јунаци сите со отворени рани по градите и по челото. Се самоубија, за да не паднат живи во рацете на непријателот. Ми го покажаа војводата. Узунов лежеше прострен на подот со раширени раце, а погледот на неговите мртви и отворени очи гледаше горе, во бескрајот. Од челото уште течеше крв… Ја видов Македонија во тој момент – маченица, велика, непобедива“!
Роден бил во Охрид, на 22 февруари 1878 година.