Љутков: Нудиме решенија кои ќе бидат дел од програмата на новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ

Зоран Љутков, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во рамки на акцијата „Ова е Македонија, за сите“ беше во посета на Општина Илинден, каде со граѓаните разговараше за проблемите со кои се соочуваат, но и решенијата кои ќе ги понуди ВМРО-ДПМНЕ како идна власт.

„ВМРО-ДПМНЕ ги започна своите теренски активности под мотото ‘Ова е Македонија, за сите’ . Се формиравме во 19 тима, 200 луѓе во 7000 населени места кои ќе ги посетиме во наредниве два месеца. Денеска ја почнавме активноста од општина Илинден, ги посетивме Ајватовци, Бунарџик и Марино“, рече Љутков.

Посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди решенија за проблемите кои ги донесе оваа власт и истите ќе влезат во програмата за да може идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ да ги реализира.

„Ги слушнавме потребите на граѓаните, ги слушнавме критиките кон оваа ненародна власт под водство на СДСМ и ДУИ но и како секоја одговорна партија им ги понудивме нашите решенија кои за скоро време на парламентарните избори ќе ги имплементираме во нашата програма и ќе тргнеме во поход со новата влада“, изјави Љутков.