Челниците на Сампдорија ја отфрлија понудената оставка од Станковиќ

Водството на последнопласираниот тим во италијанскиот фудбалски шампионат – Сампдорија, ја отфрлија оставката на српскиот тренер Дејан Станковиќ понудена претходно во понеделникот, па тој до крајот на сезоната ќе остане на клупата на тимот од Џенова.

Сампдорија во неделата убедливо загуби со 0:5 на гостувањето кај Фиорентина, па на шест кола пред крајот на првенството се наоѓа на самото дно на табелата со дури 10 бода помалку од 17-та Верона која ја држи последната позиција која обезбедува опстанок во Серија А.

Станковиќ на клупата на Сампдорија седна во октомври минатата 2022 година, но не успеа да ја подобри ситуацијата во екипата.