Пратеникот и координатор на пратеничката група на Демократската унија за интеграција, Арбер Адеми преку објава на својот Фејсбук профил реагираше на тврдењата на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски дека пратеници од власта без безбедносен сертификан веќе имале увид во Договорот со „Бехтел и Енка“, посочувајќи дека тие како група на пратеници поднеле закони за, како што вели, градбата да трае пократко и поевтино.
-Милошовски лаже. Милошовски дрско лаже. Свесно креира лажни вести и ја става во заблуда јавноста. Ние, група пратеници, поднесовме закони за градбата да трае пократко и поевтино. ВМРО заедно со Левица ги блокира законите и свесно и намерно ги чинат граѓаните над 150 милиони евра и изгубени уште две години од нивните животи, вели Адеми во објавата.
Ако бараат изговори за блокирање на законите нека најдат пологична причина, а не да се служат со лаги.
Го бараа договорот, посочува тој, ќе го добијат и сами нека одлучат на која комисија сакаат да се одржи и сами да одлучат кога да се одржи.
-Очигледно сега смислуваат лаги за да продолжат со шпекулациите за најголемиот стратешки проект на државата. Ова е целосна невистина и брутална лага, рече Адеми.
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски денеска на прес-конференција истакна дека тие според Законот за класифицирани информации бараат да им биде биде даден на увид Договорот за „Бехтел и Енка“, а не, како што рече, некој министер да им го раскажува. Милошоски тврди дека Договорот веќе имале можност да го видат осум пратеници од ДУИ и двајца од СДСМ, од кои, како што рече, двајца пратеници немале безбедносен сертификат