Том Круз ќе биде дел од програмата на крунисувањето на кралот Чарлс

На 6 мај кралот Чарлс ќе биде крунисан заедно со неговата сопруга Камила во Вестминстерската опатија во Лондон.
Покрај бројните музички ѕвезди, на церемонијата на крунисувањето на кралот Чарлс ќе им се придружат и некои познати личности како Том Круз, како и маскотата на популарната мечка Вини Пу.
Имено, покрај музичкиот дел, церемонијата вклучува и однапред снимени видео сегменти во кои светските ѕвезди како Том Круз и цртаниот херој Вини Пу ќе откријат некои непознати факти за кралот Чарлс.
Том Круз има долгогодишна врска со кралското семејство, а делот од програмата со книжевниот лик Вини Пу многумина потсети на моментот од „Платинумската забава во палатата“, каде кралицата Елизабета делеше чај со мечката Падингтон.
За потсетување, на концертот кој е дел од крунисувањето ќе настапат Кети Пери, Лајонел Ричи и групата „Тејк дет“, овој дел од програмата е планиран за ден после крунисувањето.