Посебен режим на сообраќај на патот Скопје-Тетово

Од денеска започнува поставувањето на заштитна звучна ограда на автопатот А2, делница Скопје -Тетово поради што ќе има времен режим на сообраќај, соопшти Авто мото сојузот.

Градежните работи ќе ги изведува „Битем“ од Скопје.

Од АМСМ информираат и дека сообраќајот на патишта низ земјава  се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –