Руското министерство за одбрана првпат во понеделникот соопшти дека противвоздушните сили соборила крстосувачка (наведувана) ракета со долг дострел „Storm Shadow“ од британско производство.
„Противвоздушната одбрана во текот на изминатото деноноќие пресретна седум противрадарски ракети HARM, една крстосувачка ракета со долг дострел Storm Shadow, а исто така и десет проектили од систем за баражен оган HIMARS“, соопшти руското Министерство за одбрана.
Се додава дека во истиот период бил соборен 21 дрон на украинската војска во областите Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон, кои се под контрола на руските единици.
Информацијата дека Велика Британија ѝ предала на Украина ракети „Storm Shadow“ минатата седмица ја објави CNN. Како што извести телевизијата, Лондон се решил на испораката откако добил уверување од Киев дека ракетите нема да бидат користени против цивилни цели и „само на суверената украинска територија“.
Велика Британија на 11-ти мај потврди дека испорачала „одредено количество“ ракети „Storm Shadow“ во Украина со оперативен дострел од 250 до 300 километри.
Сепак, на 12-ти и 13-ти мај Русија извести дека во неколку ракетирања на градот Луганск со британските наведувани проектили биле погодени два цивилни индустриски објекти, истрелани од украински борбени авиони кои подоцна биле соборени од руските ловци.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на редовниот брифинг во понеделникот изјави дека Русија „исклучително негативно“ гледа на британската одлука на Киев да му ги испорача таквите проектили.
„Велика Британија сака да биде на чело на земјите кои и натаму ја преплавуваат Украина со оружје…“, изјави Песков.
Ракетите „Storm Shadow“ е крстосувачки проектил кој се лансира од воздух, и се истрелува од авиони. Станува збор за заеднички проект на француската воена компанија „Matra“ и англиската „British Aerospace“, оружје кое во моментов го произведува концернот MBDA. Дострелот на варијантите кои се извезуваат, според американското специјализирано списание The Drive, изнесува 250 километри, но постојат и модификации со дострел од 560 километри.