Полицијата во Зрењанин ја уапски 53-годишната жена од Зрењанин, осомничена за запуштање и злоупотребување на малолетник.
Постои сомнеж дека нејзината тринаесетгодишна ќерка, во основно училиште во Зрењанин, во женскиот тоалет, со нож ѝ нанела повреди во пределот на грбот на дванаесетгодишна ученичка од истото училиште, соопшти српското МВР.
На повреденото девојче во Ургентниот центар во болницата во Зрењанин му се утврдени полесни повреди.