Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, истакна дека и Артјомовск (Бахмут) и јапонската Хирошима биле уништени од официјален Вашингтон, коментирајќи ја споредбата на украинскиот претседател Володимир Зеленски за последиците од нуклеарното бомбардирање на Хирошима со непријателствата во Артиомовск.
Таа посочи дека украинскиот претседател „ја спореди Хирошима, уништена од американска нуклеарна бомба со Артјомовск“ на маргините на самитот на Г7 во Јапонија. „Браво, затоа што Белата куќа ги оркестрира и двете работи“, објави Захарова на нејзиниот канал Телеграм.