Дете на смрт избодено во кавга на двајца мажи

Мало дете е избодено до смрт со нож во текот на кавга меѓу двајца мажи на улица во чешкиот град Мост, соопшти во неделата полицијата.

Во полициското соопштение се наведува и дека се притворени учесниците во инцидентот.

Телевизискиот канал CNN Prima News извести дека таткото го држел своето дете во прегратки кога го нападнал другиот маж. Очевидец за телевизијата изјавил дека осомничениот маж го прободел момченцето со нож директно во вратот.

Момченцето било на три или четиригодишна возраст, пренесуваат чешките медиуми.

Убиството се случило во саботата вечерта недалеку од центарот на Мост, индустриски град со близу 64 илјади жители на северозападот на Чешка.

Полицијата во неделата ја пребарала областа околу местото на злосторството за да пронајде индиции и неодреден предмет што може да биде поврзан со злосторството. Индустрискиот град Мост со години се смета за социјално жариште.