![naum29052023](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/05/naum29052023.jpg?resize=696%2C392&ssl=1)
Интеграчен текст од изјава на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски:
Димитар Ковачевски ден поскоро да го достави на гласање во Парламентот прашањето за уставни измени, да се види дека нема мнозинство и да се распишат избори. Истовремено до Собранието да ја поднесе и потпишаната оставка.
Со таков чекор Ковачевски ќе си ја реализира оставката, партиските комисионери нема повеќе да земаат скапи хонорари, а државата ќе спаси пари од буџетот од натамошни крадење од власта.
Наводните експерти коишто работат на измени без мандат од Собранието се исполнувачи на партиски желби и идеи кои водат дури и до редефинирање на унитарниот карактер на Македонија.
Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен, нема уставни измени под бугарски диктат. Тоа е и став на 90 проценти од народот, тоа е став и на дел пратеници од СДС.
Македонските евроинтеграции нема да се претворат во асимилација и бришење на македонскиот идентитет, култура и историја.