Пекинг му ја честиташе изборната победа на Ердоган

Официјален Пекинг во понеделникот му ја честиташе на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган победата на неделните претседателски избори и на неговиот нов петгодишен мандат на чело на Турција.

„Кина му упатува честитки на претседателот Ердоган на неговиот реизбор. Ја поттикнуваме Турција да оди на патот на развојот кој ќе одговора на нејзините национални ситуации и се надеваме дека и во иднина ќе биде успешна во својот развој под водство на претседателот Ердоган“, изјави на редовниот брифинг Мао Нинг, портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи.

Како што истакна Мао, Пекинг „им дава голема важност на врските со Турција“.

„Последните години, под водство на двајцата претседатели, двете земји развија соработка којашто резултираше во неколку области, за благосостојбата на нашите два народа… Кина сака да соработува со Турција за да ја подигне на повисоко ниво нашата стратешка соработка“, додаде Мао.