Русија издаде потерници по двајца од највисоките украински команданти

Руското Министерство за внатрешни работи издало потерници по двајца од највисоките воени команданти на Украина, врховниот командант на украинските сили Валериј Залужни и генерал-полковник на копнените сили Олександр Сирски, јавија руски медиуми.

Не е наведено поради што се издадени потерниците, кои украинската страна ги оцени како уште еден обид за деморализирање на своите сили.

-Вршењето психолошки притисок врз команданти кои се борат против непријател кој е значително посилен и во однос на војниците и во однос на оружјето е бесмислено, коментира заменик-министерката за одбрана на Украина Хана Малиар.